Излез (2 Moj.) 30:32-38 MKB

32 Не смее да се излева врз телото на обичниот човек; не смеете да правите друго со ваков состав! Тоа е посветено, и нека ви биде свето!

33 Кој направи такво, или кој ќе стави од него врз туѓинец, нека биде отстранет од својот народ!’”

34 Уште му рече Господ на Мојсеја: „Набави мириси: стакта, оникс и халван. Од овие мириси и од чист темјан,

35 сè во еднакви делови, направи темјан за кадење, смеса од мириси каква што прави мирисоправачот, измиена, чиста, света.

36 Од тоа столчи малку на ситно во прав и еден дел стави пред Сведоштвото, во Шаторот на средбата, каде што Јас ќе се среќавам со тебе. Сметајте го овој темјан за пресвет!

37 А темјанот што ќе го направиш според овој состав, не смеете да го правите за своја употреба. Тоа нека ти биде светина за Господа!

38 Кој ќе си направи нешто такво за да му мириса, нека биде истребен од својот народ.”