Излез (2 Moj.) 30:6-12 MKB

6 Постави го жртвеникот пред завесата што го засолнува Ковчегот на Сведоштвото - спроти Очистилиштето (Капак) над Сведоштвото - каде што Јас ќе се среќавам со тебе.

7 Арон нека кади врз него со благомирислив темјан секое утро кога ги подготвува светилките:

8 Арон нека кади пак во примрак, кога ги запалува светилките, за да биде тоа секогашно кадилно принесување пред Господа во сите ваши поколенија.

9 Не принесувај врз него ни непосветен темјан, ни паленици, ни приносници, ниту излевници!

10 Еднаш годишно Арон нека го изврши обредот на помирување на неговите рожиња. Обредот за помирување на жртвеникот нека го изврши со крвта на жртвата што се принесува за грев, еднаш годишно. Така правете во сите поколенија. Зашто жртвеникот е пресвета светина на Господа.”

11 Натаму Господ му рече на Мојсеја:

12 „Кога ќе правиш попис на Израелците, при утврдувањето на нивниот вкупен број, нека секој Му даде на Господа откуп за себе, кога ќе се запише, за да не ги снајде некакво зло заради пребројувањето.