1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Гледај, Јас го повикав по име Веселеила, Уриевиот син, од Оровото колено, од Јудиното племе.
3 Го наполнив со Божји Дух, кој му даде умеење, разбирање и способност за секакви работи:
4 да измислува нацрти за работи од злато, сребро и бронза;
5 за режење на бесцени камења, за вметнување, за копаничарство во дрво и за секакви работи.
6 Уште го определив Елијав, Ахисамаховиот син од Дановото племе; ги надарив со вештина сите способни луѓе, за да можат да направат сè што ти наредив: