15 Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен.
16 Затоа Израелците нека ја пазат саботата - празнувајќи ја од поколение до поколение - како вечен завет.
17 Таа нека е знак, засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата, а на седмиот ден прекрати да работи и се одмори.’”
18 Кога Господ го сврши својот разговор со Мојсеја на Синајската Гора, му даде две плочи на Сведоштвото, камени плочи, напишани со Божјиот прст.