3 Го наполнив со Божји Дух, кој му даде умеење, разбирање и способност за секакви работи:
4 да измислува нацрти за работи од злато, сребро и бронза;
5 за режење на бесцени камења, за вметнување, за копаничарство во дрво и за секакви работи.
6 Уште го определив Елијав, Ахисамаховиот син од Дановото племе; ги надарив со вештина сите способни луѓе, за да можат да направат сè што ти наредив:
7 Шаторот на средбата, Ковчегот на Сведоштвото, врз него Очистилиштето и сиот намештај на Шаторот;
8 столот и сиот негов прибор, чистиот светилник со сиот негов прибор;
9 кадилниот жртвеник, жртвеникот за жртви паленици и неговиот прибор, потоа мијалникот и неговото подножје;