Излез (2 Moj.) 31:9-15 MKB

9 кадилниот жртвеник, жртвеникот за жртви паленици и неговиот прибор, потоа мијалникот и неговото подножје;

10 облеки за службата, посветените облеки за свештеникот Арон и облеките за неговите синови, за нивната свештеничка служба;

11 па миро за помазание и благомирислив темјан за Светилиштето. Нека направат сè како што ти наредив.”

12 Пак Господ му рече на Мојсеја:

13 „Речи им на Израелците: ‘Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам.

14 И така, држете ја саботата, зашто е таа света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погубен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ.

15 Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен.