1 Господ му рече на Мојсеја: „Оди! Патувај оттука, ти и народот што го изведе од Египетската Земја, во земјата за која им се заколнав на Авраама, Исака и Јакова дека ќе им ја дадам на нивните потомци.
2 Ќе испратам ангел пред тебе; ќе ги истерам Ханаанците, Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.
3 Отидете во земјата во која течат млеко и мед. Јас нема да тргнам со вас - зашто сте народ со корав врат - за да не ве истребам патем.”
4 Кога народот ги чу овие остри зборови, почна да тагува. И никој веќе не го стави својот накит врз себе.
5 Зашто Господ му рече на Мојсеја: „Кажи им на Израелците: ‘Вие сте народ со корав врат. Кога Јас би идел со вас само еден час, би ве уништил. Затоа симнете го својот накит, а Јас ќе видам што ќе сторам со вас.’”
6 Така од планината Хорив Израелците беа без накит.