Излез (2 Moj.) 33:10-16 MKB

10 Гледајќи го облачниот столб како стои до влезот на Шаторот, целиот народ стануваше и секој се поклонуваше длабоко при вратата на својот шатор.

11 Така Господ разговараше со Мојсеја лице во лице, како што човек разговара со пријателот. Потоа Мојсеј се враќаше во логорот, ама неговиот помошник Исус, синот Навинов, младец, не се помрднуваше од Шаторот.

12 Мојсеј се обрна кон Господа: „Гледај, Ти ми рече: ‘Поведи го овој народ,’ ама не ми јави кого ќе испратиш со мене. Уште ми рече: ‘Те знам по име и ти ја уживаш мојата благонаклонетост.’

13 Затоа, ако ја уживам Твојата благонаклонетост, покажи ми ги Своите патишта, за да Те сфатам и за да ја уживам и натаму Твојата благонаклоност. Исто така, помисли дека овие луѓе се Твој народ.”

14 „Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор.”

15 „Ако не тргнеш Ти - додаде Мојсеј - и не изведувај нè оттука.

16 Па како ќе се знае дека ја уживаме Твојата наклоност, јас и Твојот народ? По тоа што идеш со нас. Само со тоа ќе се разликуваме јас и Твојот народ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.”