Излез (2 Moj.) 33:16-22 MKB

16 Па како ќе се знае дека ја уживаме Твојата наклоност, јас и Твојот народ? По тоа што идеш со нас. Само со тоа ќе се разликуваме јас и Твојот народ меѓу сите народи што се на лицето на земјата.”

17 „И ова што го побара, ќе направам - му одговори Господ на Мојсеја. - Па ти ја уживаш Мојата благонаклоност, зашто те познавам по име.”

18 „Покажи ми ја Својата слава,” замоли Мојсеј.

19 „Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот - одговори - и пред тебе ќе го изустам Своето име Господ. Ќе бидам милостив кому што сакам да бидам милостив; ќе му се смилувам кому што сакам да му се смилувам.

20 А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив.

21 Еве место тука покрај Мене - продолжи Господ. Застани на карпата!

22 Додека поминува Мојата слава, ќе те ставам во пукнатината на карпата и ќе те заштитам со Својата рака додека не поминам.