12 Внимавај да не склучиш завет со жителите на земјата во која одиш; за да не бидат стапица во твојата средина.
13 Туку, разурнете ги нивните жртвеници, соборете ги нивните столбови, исечете им ги ашерите!
14 Зашто не смееш да се клањаш на друг бог. Па Господ - името Му е Ревнител - Бог е ревнив.
15 Не прави завет со жителите на онаа земја, за да не те повикаат тие, кога ќе блудствуваат со своите богови и кога ќе им принесуваат жртви, а ти се согласиш да јадеш од принесената жртва;
16 за да не ги земаш нивните девици за жени на своите синови, па тие да не ги поведат по себе и твоите синови, кога ќе блудствуваат со своите богови.”
17 „Не прави си леани богови!”
18 „Пази го празникот Бесквасни лебови - јадејќи пресен леб седум денови, како што ти наредив - во одреденото време во месецот Авив, зашто во месецот Авив излезе од Египет.