2 Биди готов до утре. Тогаш, наутро, искачи се на гората Синај, и таму, на врвот на гората, ќе стапиш пред Мене.
3 Никој друг нека не се качува со тебе; никој нека не се покаже никаде на гората. Ни овците, ниту говедата нека не пасат во подножјето на гората.”
4 Мојсеј изделка две камени плочи како и поранешните; рано наутро стана и се искачи на Синајската Гора, откако ги зеде во рацете двете камени плочи, како што му нареди Господ.
5 Господ слезе во облак, а тој застана пред Него и Го повика Името: „Јахве-Господ!”
6 Господ помина пред него па се јави: „Јахве! Господ! Бог дарежлив и милостив, долготрпелив на гнев, многумилостив и вистински,
7 искажува милост на илјадници, проштава опакост, грев и престап, но не остава неказнет виновник, туку ја казнува опакоста на татковците врз децата - и на внучињата до третото и четвртото поколение.”
8 Мојсеј веднаш падна на земја и се поклони.