Излез (2 Moj.) 34:26-32 MKB

26 Во домот на Господа, својот Бог, донесувај ги најдобрите плодови на својата земја. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”

27 „Запиши ги овие зборови - му рече Господ на Мојсеја - зашто тие се основи врз кои склучив Завет со тебе и со Израел.”

28 Мојсеј остана таму со Господа четириесет денови и четириесет ноќи. Ниту јадеше леб ниту пиеше вода. Тогаш ги напиша врз плочите зборовите на Заветот - Десетте заповеди.

29 Најпосле Мојсеј слезе од Синајската Гора. Слегувајќи од гората ги носеше во рацете плочите на Сведоштвото. Не знаеше дека од неговото лице, заради разговорот со Господа, блескаше светлина.

30 Кога Арон и сите Израелци видоа дека од Мојсеевото лице блеска светлина, не се осмелија да пристапат кон него.

31 Тогаш Мојсеј ги повика. Арон и сите старешини на заедницата дојдоа при него. И Мојсеј разговараше со нив.

32 Потоа и сите Израелци дојдоа при него, па тој им соопшти сè што му наложи Господ на Синајската Гора.