31 Тогаш Мојсеј ги повика. Арон и сите старешини на заедницата дојдоа при него. И Мојсеј разговараше со нив.
32 Потоа и сите Израелци дојдоа при него, па тој им соопшти сè што му наложи Господ на Синајската Гора.
33 Кога Мојсеј го заврши разговорот со нив, спушти превез преку своето лице.
34 Кога влегуваше Мојсеј пред Господа, за да разговара со Него, го симнуваше превезот додека не излезеше пак. Кога излегуваше да им каже на Израелците што му е наредено,
35 Израелците гледаа како од Мојсеевото лице блеска светлина. Тогаш Мојсеј го навлекуваше пак превезот преку лицето додека не влезеше да говори со Господа.