15 Ластегарките за носење на столот ги направи од багремово дрво и ги опкова со злато.
16 А приборот што беше држан на столот - неговите чинии, кадилници, врчви и чаши за излевање на приносот - ги направи од чисто злато.
17 Направи и светилник од чисто злато. Го искова светилникот - неговото подножје и стеблото. Неговите чаши - чашки и цветови - беа од еден дел со нив.
18 Шест гранки излегуваа од неговите страни: три гранки на светилникот од едната страна, а три гранки на светилникот од другата страна.
19 На едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот.
20 На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет:
21 чашка, во еден дел со него, под првите две гранки; па конечно чашка, во еден дел со него, под двете задни гранки. Така на сите шест гранки што излегуваа од него.