1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Во првиот ден на првиот месец издигни го Шаторот на средбата.
3 Таму стави го Ковчегот на сведоштвото, потоа засолни го Ковчегот со завеса.
4 Потоа внеси го столот и нареди на него што му припаѓа; внеси го и светилникот и приготви му ги светилките.