11 Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!
12 Потоа доведи ги Арона и неговите синови при влезот на Шаторот на средбата и измиј ги со вода.
13 Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.
14 Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите
15 и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”
16 Мојсеј направи вака. Како што му заповеда Господ, сè и така направи.
17 Во првиот ден на првиот месец на втората година, Шаторот беше подигнат.