13 Тогаш облечи го Арона во посветената облека, помажи го и посвети го за да Ми служи како свештеник.
14 Доведи ги и неговите синови, облечи ги во кошулите
15 и помажи ги, како што го помаза и нивниот татко, за да Ми служат како свештеници. Нивното помазание нека ги воведе во вечно свештенство, во сите нивни поколенија.”
16 Мојсеј направи вака. Како што му заповеда Господ, сè и така направи.
17 Во првиот ден на првиот месец на втората година, Шаторот беше подигнат.
18 Мојсеј го намести Шаторот вака: ги размести неговите подножја, тогаш ги исправи нагоре неговите даски, потоа ги постави лостовите и подигна столбови.
19 Потоа распростре покривало над Шаторот, а над него го стави покривот на Шаторот, како што Господ му нареди на Мојсеја.