16 Мојсеј направи вака. Како што му заповеда Господ, сè и така направи.
17 Во првиот ден на првиот месец на втората година, Шаторот беше подигнат.
18 Мојсеј го намести Шаторот вака: ги размести неговите подножја, тогаш ги исправи нагоре неговите даски, потоа ги постави лостовите и подигна столбови.
19 Потоа распростре покривало над Шаторот, а над него го стави покривот на Шаторот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
20 Тогаш го зеде Сведоштвото и го положи во Ковчегот; ги провлече ластегарките на Ковчегот; потоа го намести Очистилиштето одозгора на Ковчегот.
21 Потоа го внесе Ковчегот во Шаторот; ја обеси завесата за засолнување. Така го засолна Ковчегот на сведоштвото, како што Господ и му нареди на Мојсеја.
22 Потоа го положи столот во Шаторот на средбата, на северната страна на Шаторот, но надвор од завесата.