Излез (2 Moj.) 40:18-24 MKB

18 Мојсеј го намести Шаторот вака: ги размести неговите подножја, тогаш ги исправи нагоре неговите даски, потоа ги постави лостовите и подигна столбови.

19 Потоа распростре покривало над Шаторот, а над него го стави покривот на Шаторот, како што Господ му нареди на Мојсеја.

20 Тогаш го зеде Сведоштвото и го положи во Ковчегот; ги провлече ластегарките на Ковчегот; потоа го намести Очистилиштето одозгора на Ковчегот.

21 Потоа го внесе Ковчегот во Шаторот; ја обеси завесата за засолнување. Така го засолна Ковчегот на сведоштвото, како што Господ и му нареди на Мојсеја.

22 Потоа го положи столот во Шаторот на средбата, на северната страна на Шаторот, но надвор од завесата.

23 На него ги принесе лебовите пред Господа, како што Господ му нареди на Мојсеја.

24 Тогаш го смести светилникот во Шаторот на средбата спроти столот, на јужната страна на Шаторот.