26 Златниот жртвеник го смести во Шаторот на средбата, пред завесата.
27 Запали врз него благомиризлив темјан, како што Господ му нареди на Мојсеја.
28 Потоа ја закачи завесата на влезот во Шаторот.
29 При влезот во Шаторот на средбата, го намести жртвеникот за жртви паленици. Врз него принесе жртва паленица и лебен принос, како што Господ му нареди на Мојсеја.
30 Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот го смести мијалникот, па тури во него вода за миење.
31 Мојсеј, Арон и неговите синови ги мијеа своите раце и своите нозе од него.
32 А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.