3 Таму стави го Ковчегот на сведоштвото, потоа засолни го Ковчегот со завеса.
4 Потоа внеси го столот и нареди на него што му припаѓа; внеси го и светилникот и приготви му ги светилките.
5 А златниот жртвеник за кадење стави го пред Ковчегот на сведоштвото. Потоа обеси ја завесата над влезот во Шаторот.
6 Стави го жртвеникот за паленици пред влезот на Шаторот на средбата.
7 Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот смести го мијалникот и тури вода во него.
8 Наоколу направи двор и обеси завеса над дворниот влез.
9 Потоа земи миро за помазание и помажи ги Шаторот и сè што е во него; посвети го и сиот негов прибор, и ќе станат свети.