32 А ги миеја кога влегуваа во Шаторот на средбата и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што Господ му нареди на Мојсеја.
33 Најпосле Мојсеј направи двор околу Шаторот и жртвеникот и обеси завеси на дворната врата. Така Мојсеј ја сврши работата.
34 А тогаш облак го прекри Шаторот на средбата и Господовата слава го исполни Шаторот.
35 Мојсеј не можеше да влезе во Шаторот на средбата заради облакот што стоеше на него и заради Господовата слава што го исполнуваше Шаторот.
36 За цело време на нивното патување, штом облакот ќе се кренеше од Шаторот, Израелците тргнуваа:
37 но ако облакот не се кренеше, ни тие не тргнуваа на пат сè до денот кога ќе се кренеше.
38 Зашто за целото време на нивното патување Господовиот облак стоеше дење над Шаторот, а ноќе се појавуваше во облакот оган, видлив за сиот Израелов дом.