5 А златниот жртвеник за кадење стави го пред Ковчегот на сведоштвото. Потоа обеси ја завесата над влезот во Шаторот.
6 Стави го жртвеникот за паленици пред влезот на Шаторот на средбата.
7 Меѓу Шаторот на средбата и жртвеникот смести го мијалникот и тури вода во него.
8 Наоколу направи двор и обеси завеса над дворниот влез.
9 Потоа земи миро за помазание и помажи ги Шаторот и сè што е во него; посвети го и сиот негов прибор, и ќе станат свети.
10 Потоа намачкај го жртвеникот за жртви паленици, и жртвеникот ќе стане пресвет.
11 Помажи го мијалникот со неговата потпирка: посвети го!