Излез (2 Moj.) 6:1-7 MKB

1 Господ му рече на Мојсеја: „Скоро ќе видиш како ќе постапам Јас со фараонот! Под силна рака ќе ги пушти да заминат; под силна рака сам ќе ги истера од својата земја.”

2 Уште Бог му рече на Мојсеја: „Јас Сум Господ.

3 Им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Ел Шадај. Но не им се открив со Своето име - Господ.

4 И склучив завет со нив дека ќе им ја дадам Ханаанската Земја, земјата во која живееја како придојденци.

5 А сега, откако ги чув воздишките на Израелците, кои Египетците ги држат во ропство, си спомнав на Својот Завет.

6 И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго.

7 Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување.