12 Мојсеј Му прозбори на Господа: „Кога Израелците не ме слушаа, како ќе ме сослуша, бавен во говорот, фараонот!”
13 Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.
14 Ова се главите на нивните домови. Синови на Израелевиот првороденец Рувим: Енох и Фалуј, Асрон и Хармиј. Тоа се семејствата произлезени од Рувима.
15 А Симеоновите синови: Јемуило, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на Хананка. Тоа се семејствата што потекнуваат од Симеона.
16 Ова се имињата на Левиевите синови со нивното потомство: Гирсон, Каат и Мерариј. Леви живееше сто триесет и седум години.
17 Гирсонови синови се: Ливниј и Семеј со своите семејства.
18 Каатови синови се: Амрам, Исар, Хеврон и Озило. Каат живееше сто триесет и три години.