7 Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување.
8 Ќе ве доведам во земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на Авраама, Исака и Јакова, и ќе ви ја дадам во наследство, Јас, Господ.”
9 Мојсеј им го кажуваше тоа на Израелците, ама не сакаа да го слушаат: духовите им беа заматени од тешкото ропство.
10 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:
11 „Оди и речи му на фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од својата земја.”
12 Мојсеј Му прозбори на Господа: „Кога Израелците не ме слушаа, како ќе ме сослуша, бавен во говорот, фараонот!”
13 Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.