Излез (2 Moj.) 7:12-18 MKB

12 секој го фрли својот стап, и се претвори во змија. Но Ароновиот стап ги голтна нивните стапови.

13 Фараонот беше со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.

14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Фараоновото срце е закоравено; одбива да го пушти народот.

15 Наутро тргни кон фараонот. Кога ќе излезе при водата, застани пред него на брегот на Реката. Земи го во раката стапот, што беше претворен во змија.

16 Кажи му: ‘Господ, Бог на Евреите, ме испрати при тебе со порака да го пуштиш Мојот народ, за да ми искаже почитување во пустината. Ама сè досега ти не послуша.’

17 Господ порачува вака: ‘Со ова ќе сознаеш дека Јас Сум Господ.’ Гледај! Со стапот што го имам во раката ќе ја удрам водата во Реката, и ќе се претвори во крв.

18 Рибите ќе пцовисаат во Реката; Реката ќе засмрди и ќе се гнасат Египетците да пијат вода од Реката.’”