Излез (2 Moj.) 7:19-25 MKB

19 Уште Господ му рече на Мојсеја: „Речи му на Арона да го земе својот стап и да ја протегне својата рака врз египетските води: врз нивните реки, нивните потоци, нивните езерца, врз сите нивни водени собиралишта, да се претворат во крв; нека е крв низ сета Египетска Земја; па и во дрвените и камените садови.”

20 Мојсеј и Арон направија како што им заповеда Господ. Арон го крена својот стап и пред очите на фараонот и неговите службеници удри по водата во Реката. Сета вода во реката се претвори во крв.

21 Рибите пцовисаа во Реката; Реката засмрди, така што Египетците не можеа да пијат вода од Реката; крв имаше низ целата Египетска Земја.

22 Но египетските волшебници со своите волшебствувања направија исто. Така фараонот остана со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и кажа.

23 Фараонот се заврте и си отиде во својот дворец, не земајќи го ни тоа на срце.

24 Сите Египетци почнаа да копаат околу Реката барајќи пивка вода, зашто не можеа да пијат вода од Реката.

25 И поминаа седум дни откако Господ удри по Реката.