2 Ти кажувај сè што ќе ти наредам, а твојот брат Арон нека му повтори на фараонот да ги пушти Израелците па да заминат од неговата земја.
3 Јас ќе направам да закорави срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците и чудесата во Египетската Земја.
4 Бидејќи фараонот не ќе послуша, Јас ќе ја ставам Својата рака на Египет: казнувајќи страшно, ќе ги избавам Своите чети, Својот народ, Израелците, од Египетската Земја.
5 Кога ќе ја протегнам Својата рака на Египет и ги изведам Израелците од нивната средина, тогаш Египетците ќе сознаат дека Јас Сум Господ.”
6 Мојсеј и Арон послушаа: токму така направија, како што им заповеда Господ.
7 Мојсеј беше на осумдесет, а Арон на осумдесет и три години, кога му ги поставија на фараонот своите барања.
8 Уште Господ им прирече на Мојсеја и Арона: