8 Уште Господ им прирече на Мојсеја и Арона:
9 „Кога фараонот побара од вас да направите некакво чудо, ти речи му на Арона да го земе својот стап и да го фрли пред фараонот, и стапот ќе се претвори во змија.”
10 Мојсеј и Арон дојдоа пред фараонот и направија како што им заповеда Господ. Арон го фрли, пред фараонот и пред неговите службеници, својот стап, и се претвори во змија.
11 Фараонот ги повика мудреците и вражалците. И навистина египетските вражалци со своето вражање направија исто:
12 секој го фрли својот стап, и се претвори во змија. Но Ароновиот стап ги голтна нивните стапови.
13 Фараонот беше со закоравено срце: не сакаше да ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и рече.
14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Фараоновото срце е закоравено; одбива да го пушти народот.