1 Господ го повика Мојсеја и му рече од Шаторот на средбата:
2 „Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток.
3 Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа.
4 Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.