14 ‘Ако сака да Му принесе на Господа птици како паленица, тогаш нека принесе грлица или гулапче.
15 Свештеникот нека ја принесе кон жртвеникот и, откако ќе и го свитка вратот, нека ја скине главата и ја изгори на жртвеникот, а крвта нека ја исцеди отстрана на жртвеникот.
16 Нека и ги отстрани вратот и перјата и нека ги фрли на источната страна на жртвеникот, во местото за пепелта.
17 Нека ја расече во должина на двете крила, но нека не ги одделува: и свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’