Левит (3 Moj.) 1:2-8 MKB

2 „Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток.

3 Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа.

4 Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.

5 Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.

6 Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови.

7 Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот.

8 Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.