Левит (3 Moj.) 1:3-9 MKB

3 Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа.

4 Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината.

5 Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата.

6 Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови.

7 Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот.

8 Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.

9 Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сè на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’