Левит (3 Moj.) 10:1-6 MKB

1 Ароновите синови Надав и Авиуд ја зедоа секој својата кадилница; ставија оган во нив и положија темјан во него, за да принесат пред Господа туѓ оган, што Тој не им го заповеда.

2 Но излезе оган од пред Господа и ги изгоре, и тие умреа пред Господовото лице.

3 Тогаш Мојсеј му рече на Арона: „Тоа е она за што зборуваше Господ, кога рече: ‘Свет ќе Сум преку оние кои Ми се приближуваат и ќе се прославам пред целиот народ.’” Арон молчеше.

4 Мојсеј ги повика Мисаил и Елисафан, синовите на Ароновиот дедо Озил, па им рече: „Дојдете и однесете ги вашите браќа од пред Светилиштето во поле надвор од логорот!”

5 Тие дојдоа и ги однесоа во нивните кошули во полето надвор од логорот, како што рече Мојсеј.

6 Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови Елеазар и Итамар: „Не си ги откривајте вашите глави, ниту кинете си ги облеките, за да не загинете и за да не се налути Тој на целото општество. Но вашите браќа и сиот Израелев дом можат да плачат за оние што Господовиот оган ги изгоре.