Левит (3 Moj.) 10:12-18 MKB

12 Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите преживеани синови, Елеазар и Итамар: „Земајте од лебниот принос, што ќе остане од Господовите жртви, и јадете го бесквасно покрај жртвеникот, зашто тоа е најсвето.

13 Јадете го на свето место; зашто тоа е твој дел и дел на твоите синови од Господовите жртви: така ми е наредено.

14 А градите на вртената жртва и плешките на воздигнатата жртва јадете ги: ти и твоите синови и твоите ќерки со тебе, на чисто место; зашто тоа ви е дадено како дел за тебе и како дел за твоите синови од помирителните жртви на Израелевите синови.

15 Плешките на воздигнатиот принос и градите на вртениот принос што се донесуваат заедно со лојот, нека бидат вртени пред Господа; тоа да биде вечна уредба за тебе и за твоите синови со тебе, како што заповеда Господ.”

16 Потоа Мојсеј го побара јарецот за грев, но ете, беше изгорен. Тој се налути на Елеазар и на Итамар, преживеаните Аронови синови, па рече:

17 „Зошто не јадевте жртва за грев на свето место? Зашто таа е најголема светина; и таа ви е дадена за да ги симнувате беззаконијата на општеството и за да се надоместува покривање на гревот.

18 Ете, нејзината крв не беше внесена внатре во Светилиштето, а вие бевте должни да ја јадете на свето место, како што ми беше наредено.”