Левит (3 Moj.) 10:7-13 MKB

7 И не излегувајте од влезот на Шаторот на средбата, за да не умрете вие, зашто врз вас е елејот на Господовото помазание.” Тие направија според Мојсеевото слово.

8 Господ му рече на Арона:

9 „Кога ќе влегувате во Шаторот на средбата, не пијте вино ниту опоен пијалак, ниту ти ниту твоите синови со тебе! Така нема да загинете. Тоа е постојан закон за вашите родови;

10 за да можете да го разликувате светото од несветото и нечистото од чистото;

11 за да ги научите Израелевите синови на сите закони што Господ ги даде преку Мојсеја.”

12 Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите преживеани синови, Елеазар и Итамар: „Земајте од лебниот принос, што ќе остане од Господовите жртви, и јадете го бесквасно покрај жртвеникот, зашто тоа е најсвето.

13 Јадете го на свето место; зашто тоа е твој дел и дел на твоите синови од Господовите жртви: така ми е наредено.