1 Господ им рече на Мојсеја и Арона:
2 „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:
3 секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.
4 Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;
5 и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;
6 дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.