16 нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови;
17 бувот, нуркачот, утот;
18 лебедот, неситот и свраката;
19 штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’
20 ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти!
21 Од сите тие крилести бубачки што одат на четири нозе, можете да ги јадете само оние што имаат на своите ножиња листови за да скокаат по земјата.
22 Од нив можете да ги јадете: секој вид на скакулците, салемот, арголата и зелените скакулци.