2 „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:
3 секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.
4 Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;
5 и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;
6 дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.
7 А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас.
8 Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’