Левит (3 Moj.) 11:27-33 MKB

27 Сите четвороножни животни, што одат на шепи, нечисти се за вас. Секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта.

28 А оној што ќе ја понесе нивната мрша, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта. Тие се нечисти за вас.’

29 ‘Од животните што лазат по земјата нека се нечисти за вас овие: невестулката, глушецот и секој вид гуштери;

30 ежот, камелеонот, дождовникот, зелениот гуштер и кртицата.

31 Тие животни, од сите што ползат, се нечисти за вас. Секој што ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.

32 А врз она на што некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто: било некаков дрвен предмет или облека, или кожа или мев и секоја работа што се употребува. Секој таков предмет нека се накваси во вода и нека остане нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.

33 Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.