33 Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.
34 А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста.
35 А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас.
36 А изворот или водособиралиштето што држи вода нека бидат сметани за чисти. Но кој ќе допре мрша на животно, нека е нечист.
37 И ако нешто од нивната мрша падне на житно семе што ќе биде посеано, тоа останува чисто;
38 но ако семето се накваси со вода, а тогаш падне на него нешто од нивната пцовисаница, нека е нечисто за вас.’
39 ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта,