Левит (3 Moj.) 11:39-45 MKB

39 ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта,

40 а секој што ќе касне од неговата пцовисаница, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта; а кој ќе го понесе неговиот труп, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта.’

41 ‘Секое животно, што ползи по земјата, е нечисто за вас; нека не се јаде.

42 Ништо што ползи по мевот, ништо што оди на четири нозе или на повеќе нозе - никаков ползач што лази по земјата, не јадете, зашто се одвратни.

43 Немојте да се онечистите сами себеси со сите тие лазачи што ползат; не осквернувајте се со нив, за да не станете и вие нечисти заради нив.

44 Зашто Јас Господ Сум ваш Бог: осветувајте се да бидете свети, зашто Јас Сум свет! Не валкајте ги вашите души ниту со едно животно што ползи по земјата!

45 Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’