1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Кажи им на Израелците: ‘Кога некоја жена ќе забремени и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум денови како што е нечиста во времето на својот месечен ред.
3 На осмиот ден детето нека биде обрезано.
4 А таа нека остане уште триесет и три дни, за да се очисти од својата крв; не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа во Светилиштето, додека не се исполни времето на нејзиното очистување.
5 Ако роди женско, нека е нечиста две седмици, како за време на својот месечен ред, и нека остане уште шеесет и шест денови, за да се очисти од својата крв.