13 и свештеникот согледа дека лепрата го покрила целото негово тело, нека го прогласи болниот за чист; зашто сè се претворило во бело; тој е чист.
14 Но во денот кога ќе се појави чир на него, ќе биде нечист.
15 Кога свештеникот ќе го види чирот, нека го прогласи болниот за нечист, тоа е лепра.
16 Но ако чирот се измени во бело, човекот нека дојде кај свештеникот.
17 Свештеникот нека го прегледа: ако раната побелела, свештеникот нека го прогласи болниот за чист - тој е чист.”
18 „Кога некому ќе му се појави чир на кожата и оздравел,
19 и ако таму каде што бил чирот се појави бел оток или местото избледнее и побели, или ако се појави белоцрвеникава дамка, човекот нека му се покаже на свештеникот.