Левит (3 Moj.) 13:17-23 MKB

17 Свештеникот нека го прегледа: ако раната побелела, свештеникот нека го прогласи болниот за чист - тој е чист.”

18 „Кога некому ќе му се појави чир на кожата и оздравел,

19 и ако таму каде што бил чирот се појави бел оток или местото избледнее и побели, или ако се појави белоцрвеникава дамка, човекот нека му се покаже на свештеникот.

20 Свештеникот нека го прегледа. Ако најде дека кожата е подлабока, а влакната се побелени, свештеникот нека го прогласи за нечист - тогаш тоа е лепра што избувнала од чирот.

21 Ако свештеникот утврди дека влакната не побелеле тука, дека кожата не е подлабока отколку на друго место, дека местото не темнее, нека го одвои болниот седум дена.

22 Ако му се прошири болеста по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист - тоа е лепра.

23 Ако дамката остане на местото и не се прошири, тоа е струп од чирот. Свештеникот нека го прогласи човекот за чист.”