Левит (3 Moj.) 13:34-40 MKB

34 На седмиот ден свештеникот нека го прегледа пак јадежливото место. Ако јадежот не се проширил по кожата, и изгледа дека не е подлабок од кожата, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој нека ја испере својата облека и ќе биде чист.

35 Ако се прошири јадежот по кожата откако беше прогласен за чист,

36 свештеникот нека го прегледа повторно. Ако јадежот се проширил по кожата - свештеникот веќе и нека не бара жолти влакна - болниот е нечист.

37 Но ако забележи дека јадежот застана и дека никнаа црни влакна, јадежот е заздравен - тој е чист. Свештеникот нека го прогласи за чист.”

38 „Ако на кожата на некој маж или жена се појават пеги, па ако се тие пеги бели,

39 свештеникот нека ги прегледа. Ако пегите по кожата бидат темнобели, тогаш тоа се лишаи што избувнале по кожата: болниот е чист.”

40 „Ако некому му испаѓа косата од главата; тој е ќелав; тој е чист.