Левит (3 Moj.) 13:40-46 MKB

40 „Ако некому му испаѓа косата од главата; тој е ќелав; тој е чист.

41 Ако му испаѓа косата однапред на главата, тој е ќелав на челото, но е чист.

42 Но ако на ќелавоста или однапред од челото се појави црвенобела болест, тоа е лепра што избувнала на неговата ќелавост или однапред од челото.

43 Свештеникот нека го прегледа. Ако утврди дека дамките се - на ќелавоста или однапред од челото - белоцрвени, на изглед како и лепрата по кожата на телото;

44 човекот станал лепрозен, нечист е. Свештеникот треба да го прогласи за нечист - лепрата му е на главата.”

45 „Оној што ќе стане лепрозен, нека носи распарана облека; косата нека му е непокриена; тој е должен да биде покриен до горната усна и да вика: ‘Нечист! Нечист!’

46 Сè додека е болеста на него нека биде нечист; тој е нечист; нека живее насамо: неговиот дом нека биде надвор од живеалиштето.”