Левит (3 Moj.) 13:46-52 MKB

46 Сè додека е болеста на него нека биде нечист; тој е нечист; нека живее насамо: неговиот дом нека биде надвор од живеалиштето.”

47 „Кога заразата на лепрата се појави на облеката, било на волнена било на ленена,

48 или на основа или на потка од лен или од волна; или на кожа, или на каков и да е кожен предмет;

49 па ако дамките на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, биде зеленикаво или црвеникаво, тоа е лепра; па нека му се покаже на свештеник.

50 Свештеникот, откако ќе прегледа што е заразено, нека го стави тоа настрана за седум дена.

51 А на седмиот ден нека ја прегледа заразата. Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста.

52 Таа облека - било основата било потката, од волна или од лен, или некаквиот кожен предмет за кого заразата се прилепила - се заразила со лепра, нека се изгори во оган.”