Левит (3 Moj.) 13:48-54 MKB

48 или на основа или на потка од лен или од волна; или на кожа, или на каков и да е кожен предмет;

49 па ако дамките на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, биде зеленикаво или црвеникаво, тоа е лепра; па нека му се покаже на свештеник.

50 Свештеникот, откако ќе прегледа што е заразено, нека го стави тоа настрана за седум дена.

51 А на седмиот ден нека ја прегледа заразата. Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста.

52 Таа облека - било основата било потката, од волна или од лен, или некаквиот кожен предмет за кого заразата се прилепила - се заразила со лепра, нека се изгори во оган.”

53 „Но ако свештеникот види дека заразата не се проширила по облеката - ни по основата ни по потката, ниту по каков и да е предмет од кожа,

54 тогаш нека нареди да биде испрана заразената работа. Потоа нека ја остави повторно насамо седум денови.